Лојалноста е суштински елемент во сите видови врски, но за жал, не секој го има тој квалитет.
Имено, постојат некои хороскопски знаци кои се ниско на скалата на лојалност, а според астролозите, постојат неколку хороскопски знаци кои се повеќе склони кон изневерување од другите.
Овен
Родените во овој знак секогаш бараат авантура и возбуда во се што прават, а со нив владее планетата Марс која е позната по својата агресивност и голема сексуалност. Познати се по тоа што носат импулсивни одлуки и лесно губат интерес, поради што брзо им здосадува врската и се склони кон изневерување.
Близнаци
Близнаците сакаат внимание и возбуда, тешко е да ги задржите на едно место. Познато е дека се многу неодлучни и дека им треба постојано внимание. Поради својата природа, тие често изневеруваат.
Вага
Познати се како големи љубовници. Иако нивниот знак симболизира рамнотежа, тие понекогаш се обидуваат да најдат задоволство надвор од врската. Сепак, тогаш се чувствуваат виновни, па тоа го кријат. Еден начин да се осигурате дека ќе ви останат лојални е да ги одржувате физички, ментално и емоционално задоволни.
Водолија
Водолиите се најмалку лојален хороскопски знак од сите. Нивниот страв да не бидат сакани во врска никогаш не им дозволува да го покажат своето вистинско јас пред партнерот. Плашејќи се да не им го скршат срцето, прво ќе го скршат тоа на партнерот.