Хороскопски знаци кои лесно завршуваат во ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК

од Stefanija Kuzmanovska

Некои хороскопски знаци се познати по својата лојалност, па среќниците кои се во врска со нив немаат причина да се грижат за изневерувањето. Меѓутоа, некои други се целосна спротивност и секогаш мислат дека тревата е позелена на друго место. Тие не само што се склони да фантазираат за трето лице, туку и сосема е веројатно да ги остварат тие фантазии, а би можеле да се најдат и во љубовен триаголник.

Најверојатно некој од воздушните знаци ќе се најде во таква ситуација бидејќи не сакаат да бидат „врзани“.

Близнаци

Не е тајна дека Близнаците имаат репутација како „плејбоји“ на Зодијакот. Тие се познати по својата двојна природа и затоа не им е тешко да се заљубат во две личности истовремено.

Тие се слободоумни и сакаат да играат. Различноста е зачин на животот за нив, па немојте да се изненадите ако ги „фатите“ да излегуваат со повеќе од една личност.

Вага

Како што кажува нивното име, вагата обожава да превагува. Тие се многу неодлучни, што може да ги стави во позиција да примамат потенцијален партнер, иако тоа не е нивна намера. Од друга страна, бидејќи со нив владее планетата Венера, која е планета на љубовта, тие многу сакаат да бидат заљубени.

Тие сакаат да бидат заведени, па нема да им биде тешко да имаат повеќе од еден додворувач кој се бори за нивната наклонетост. Нивната романтична природа исто така може да ги натера да паднат на шармот на личност која веќе е зафатена. Ако таа личност им покажува доволно внимание, имаат тенденција да бидат трпеливи и се надеваат дека на крајот ќе станат единствен предмет на интерес на партнерот.

Водолија

Водолиите би можеле да се најдат во љубовен триаголник поради неколку причини. Прво, затоа што понекогаш се емотивно недостапни, па попрво ќе изберат „пријателство со придобивки“ отколку да се согласат да се обврзат и нема да се држат само до една личност.

Водолиите сакаат неконвенционални партнери. Кога ќе најдат некој што ги исполнува нивните малку перверзни стандарди, тие се повеќе од подготвени да станат верни и да се претворат во најлојални партнери.

Слични содржини