Новата девојка на Пике не излегува од дома поради песната на Шакира: Побарала и стручна помош

од Radmila Tasevska
191 прегледи

Со недели луѓето зборуваат за новата песна на Шакира во која таа брутално го прозва својот поранешен партнер, фудбалерот Жерар Пике.

Ова се случи откако се појавија информации дека Пике ја изневерува со извесна Клара Чиа, со која фудбалерот неодамна објави фотографија на Инстаграм.

Врската на Клара и Пике наиде на осуда во јавноста.

Шпански новинар за порталот „Марка“ открил дека Клара наводно не излегувала од дома веќе осум дена.

Ја запираат на улица, и пеат песна, сите ја препознаваат, но таа всушност е многу тивка и срамежлива девојка“, изјавила новинарката за споменатите шпански медиуми.

Клара моментално поминува време во куќата на нејзините родители, работи од таму и побарала помош од психолог. Покрај тоа, таа наводно ангажирала и чувар кој деноноќно и е околу куќата.

Да потсетиме, по првата и единствена објавена фотографија со нова девојка, Пике мораше да се соочи со остри коментари од јавноста. Многумина го критикуваа затоа што мислат дека им ги уништува животите на своите деца.

Слични содржини