Жена заробена во урнатините на Турција по страшниот земјотрес повика на помош на социјалните мрежи.
„Спасете ме, ве молам“, стои во голем број на објави кои кружат на Твитер.
Yardım bekliyorum pic.twitter.com/fkGX0WKCsR
— Aysel (@ayselllyeral) February 6, 2023
Во коментарите, корисниците на социјалните мрежи се обидоа подетално да објаснат каде се наоѓаат објектите во кои се заробени.
Под фотографијата на жената затрупана во урнатините стои написот: „Чекам помош“.
adres bina cadde yazın
— hadibakalım (@baksimdinlebeni) February 6, 2023
Таа успеа да се фотографира и да ја објави сликата на социјалните мрежи. Таа напиша дека е под урнатините и преку улицата од полициската станица Мартир Кер во градот Хатај.
Потсетуваме дека бројот на загинати во еден од најсилните земјотреси што ја погоди Турција во последните 100 години сега е над 1.200. Повеќе од 5.000 луѓе беа повредени кога земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер ги погоди Турција и Сирија, потресувајќи ги жителите од креветите околу 4 часот наутро во понеделникот.