Разорни земјотреси ја погодија Турција, а меѓу затрупаните во урнатините на многу градови има и спортисти. Се трага по голманот на Малатија, Ахмет Ејуп Туркаслан, но веста дека е мртов не е точна, објавија од клубот.
Веста дека Ахмет Ејуп Туркаслан е мртов не е точна. По земјотресот го бараме и се надеваме дека ќе добиеме добри вести, изјави за турските медиуми претседателот на Малатијаспорт, Ахмет Јаман.
Dualarımız seninle…😥 pic.twitter.com/7VsNeN4qJa
— Yeni Malatyaspor (@YMSkulubu) February 6, 2023
Засега е познато дека неговата сопруга за среќа била извлечена од урнатините, а иако била повредена успеала да преживее, откри тренерот Јилмаз Вурал.
„Му дадов одмор на тимот два дена по натпреварот и многу играчи не се во Малатја. Само вториот голман Ахмет Ејуп Туркаслан беше на местото на несреќата, а неговата сопруга беше спасена. Јас сум уништен“, рече тој.
Под урнатините се пронајдени дури 40 борачи, а во тек е потрагата и по поранешниот фудбалер на Челзи и Њукасл, Кристијан Ацу.