Потресни сцени во Турција: Објавено ВИДЕО од потрагата по исчезнатиот фудбалер Атсу

од Nikola Popovski
420 прегледи

Кристијан Атсу, поранешен фудбалер на Челзи и Њукасл и репрезентативец на Гана, кој настапува за Хатајспор од истоимениот турски град и Танер Савут, спортски директор на овој клуб, исчезнаа под урнатините по земјотресот што ја погоди Турција.

Иако во текот на денот беа објавени различни информации дека Атсу наводно е пронајден, набргу потоа беа демантирани, а конфузијата продолжи извесно време.

Сепак, се чини дека е решена откако видео од потрагата објави турскиот спортски портал „Ајанспор“.

На видеото се гледа како голем број луѓе се обидуваат да ги расчистат урнатините на зградата во која биле Атсу и Савут кога се случила трагедијата.

Покрај нив, во зградата очигледно бил и ракометарот Чемал Кутахјали.

Добрата вест е што, како што стои во објавата на овој портал, под урнатините се слушаат гласови, а екипи се обидуваат да стигнат до влезот на паркингот на оваа зграда.

Слични содржини