Две големи конзервативни групи сигнализираа дека се отворени за поддршка на друг кандидат наместо Доналд Трамп во трката за Белата куќа во 2024 година, што е најнов знак од се погласниот дел од Републиканската партија дека е време партијата да се сврти кон нов претседателски кандидат, пренесува АП.
Претседателот на влијателната група Клуб за раст, Дејвид Мекинтош, вчера изјави дека групата поканила неколку потенцијални републикански кандидати на донаторски самит во Флорида следниот месец, но дека Трамп, единствениот деклариран главен кандидат во трката досега, не е меѓу нив.
Како што наведе тој, поканет е гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, кој важи за најголем противник на Трамп, заедно со поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, поранешниот потпретседател Мајкл Пенс, поранешниот државен секретар Мајк Помпео, сенаторот Тим Скот од Јужна Каролина и гувернерот на Вирџинија Глен Јангкин.