Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека САД се апсолутно посветени на целосното спроведување на договореното со Бриселскиот договор, вклучително и формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).
„Ние навистина инсистираме дека договореното мора да се спроведе, затоа зборуваме за првичниот договор од Брисел. Не велам дека француско-германскиот договор не е во спротивност со бриселскиот договор. Тие секако се поврзани. Концептот дека претходниот договор мора да се спроведе, дел е и француско-германскиот договор“, рече Хил во гостувањето на телевизијата К1.
На прашањето за Вашингтонскиот договор, Хил одговори дека не сака да го заобиколи и дека е важен, бидејќи е посветен на економијата да обезбеди Белград и Приштина да решат некои прашања кои директно влијаат на животот на луѓето.