После вчерашниот ден, денеска повторно закани за бомби испратени на адресите на повеќе објекти во Скопје.
Според полицијата, освен на адресите на повеќе училишта, дојави биле испратени и до трговските центри.
-Околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од МВР.
Средни и основни училишта, трговски центри, станбени згради, министерства и други институции речиси пет месеци се цел на лажни дојави за поставени бомби. Првата дојава беше регистрирана на 26-ти октомври кога во земјава пристигна шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен и оттогаш речиси по две-три дојави на неделно ниво се испраќаат во образовните установи или во некој трговските центри.
Сите закани досега беа утврдени како лажни.