Пентагон: Четири кинески шпионски балони претходно забележани над САД

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Американското министерство за одбрана соопшти дека четири кинески шпионски балони претходно биле забележани над САД и летале над локации од интерес за Кина, без да спомене дали кинеските балони летале и над американските воени бази.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во средата, на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Соединетите Американски Држави споделиле информации со десетици земји ширум светот за кинески шпионски балон соборен во саботата над територијалните води на САД во Атлантикот, во близина на брегот на Јужна Каролина, објави „Ројтерс“.

Според Блинкен, со Столтенберг било разговарано за системските тактички предизвици што Кина ги поставува на Северноатлантската алијанса.

Слични содржини