Ковачевски сака Алтернатива да остане дел од мнозинството

од Nikola Popovski
139 прегледи

Ние сме согласни дека Алтернатива сакаме да остане дел од мнозинството со оглед дека се разговара за влез на нов партнер во коалицијата. Вратата за Алтернатива останува отворена бидејќи тие се дел од Владата. Ние сме демократско општество и ниту еден политичар или партија не може на друга партија да сугерира каква одлука ќе донесе. Мојот респект кон партиите кои учествуваат за членството во НАТО и за отпочнување на преговорите со ЕУ, секогаш било е и ќе биде на највисоко ниво. Вечер имаме седница на ЦО и ИО на СДСМ, каде работната група ќе поднесе извештај од преговорите со Алијанса, истакна премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски за можното зголемување на владиното мнозинство.

За одлуката на Алтернатива јас не можам да коментирам. Тоа единствено може да одговори лидерот или други членови на партијата, додаде Ковачевски на новинарско прашање за тоа дали партијата на Африм Гаши ќе излезе од Владата.

Доцна вечерва ќе има повеќе информации дали Алијанса на Албанците ќе влезе во Влада и кои министерства и позиции ќе ги добие.

Слични содржини