Драма во Турција: Капитен на репрезентацијата се уште под урнатините со бремената сопруга!

од Nikola Popovski
175 прегледи

Последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција се несогледливи, а секој ден има вести за трагично настрадани чии тела се наоѓаат под урнатините.

Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Кахраманмараш, Турција, предизвика големи разурнувања во 10 провинции.

Скоро сите градови во тој регион се уништени, а љубителите на спортот будно ја следат ситуацијата околу луксузната зграда Ронесан во Хатај, каде во урнатините беа затрупани стотици луѓе.

Под тие урнатини се наоѓа и фудбалерот Кристијан Атсу, додека турските медиуми тврдат дека на истото место со семејството е и капитенот на ракометната репрезентација Кемал Кутахја.

Познатиот ракометар на Хатај Метрополитен е под урнатините со семејството, а спасувачите се уште не можат да дојдат до нив.

Но, на термалните камери на спасувачите, според турските медиуми, може да се забележи дека има живи луѓе.

Сопругата на ракометарот е бремена во четвртиот месец, а со нив се и петгодишниот син, како и мајката на неговата сопруга.

Претседателот на Ракометната федерација на Турција, Угур Килич изјави дека се во постојан контакт со надлежните во областа на земјотресот.

„Од првите часови на земјотресот се среќаваме со властите за да дојдеме до капитенот на нашата репрезентација Џемал Кутахја и неговото семејство. Условите овде се многу тешки. Сè уште чекаме да слушнеме надежни вести од семејството“, рече Угур.

Кутахја игра на позицијата десен бек, а во кариерата настапуваше и за Анкараспор и Бејкоз.

Слични содржини