Проценки на експерти: Близу 8.000 згради во Турција МОРА ДА СЕ УРНАТ

од Nikola Popovski
158 прегледи

Близу 8.000 згради во десет турски провинции погодени од разорниот земјотрес мора веднаш да бидат урнати, соопшти денеска турското Министерство за животна средина, урбанизам и климатски промени.

Околу 6.000 вработени во ова министерство во моментов ја проценуваат состојбата на објектите во погодените провинции, се вели во соопштението.

„Досега проверивме 132.898 згради во десет провинции. Меѓу нив има 7.584 срушени или оние кои мора итно да се урнат, а 12.617 кои не можат да се користат за живеење поради оштетување“, се додава во соопштението.

Повеќе од 31.000 објекти претрпеа помали оштетувања поради земјотресот, а над 60.000 воопшто не се оштетени, забележува Министерството.

Се проценува дека инспекциите на сите згради во десет провинции ќе бидат завршени за три до четири дена, пренесува Спутник.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија се искачи на 33.179, според последните официјални податоци, соопштено е денеска.

Во Турција загинале 29.605 лица, соопшти турската агенција за кризни состојби, додека во Сирија загинале 3.574 лица.

Слични содржини