ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше Договорот со ФРОНТЕКС

од Nikola Popovski
200 прегледи

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска не го поддржа Законот за ратификација на Договорот со Фронтекс што веќе беше потпишан од Владата. Ова следува откако пратеничката група на партијата не гласаше во Собрание.

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа во собраниската сала кога се гласаше за Договорот. Покрај ова, пратениците не гласаа ниту за ратификациите на договорите предвидени со иницијативата „Отворен Балкан“.

Со 61 глас „за“, Собранието го донесе Законот.

Договорот за ФРОНТЕКС беше потпишан на 26-ти октомври 2022 година во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тоа е прв ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија на македонски јазик.

Овој Договор има оперативно и политичко значење и за Северна Македонија и за Европската Унија.

Со договорот ФРОНТЕКС, заеднички е оценето дека е направен нов чекор напред во европското единство, во коешто активно придонесува Република Северна Македонија и од позицијата на земја преговарач со Европската Унија, а којашто, како што е безрезервно изразено, е очекувана и добредојдена во скоро време во Унијата, како полноправна членка.

Со влегувањето во сила на овој Договор, се овозможува, на барање на нашата држава, да се распоредат полициски службеници на ФРОНТЕКС на критичните точки на границата, заедно со полициските службеници на Република Северна Македонија и исто така ќе придонесе кон зголемување на нивото на соработка, размена на искуства и знаење како и можност да се користи целата опрема на ФРОНТЕКС.

Со денешната ратификација Договорот со Фронтекс станува дел од внатрешниот правен поредок на државата.

Слични содржини