ВМРО ДПМНЕ застана против македонски јазик во ЕУ, порачуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
165 прегледи

Се покажа вистинското лажно лице на ВМРО-ДПМНЕ, не гласаа за Договорот со Фронтекс. Не гласаа за првиот Договор со кој македонскиот јазик официјално влегува во ЕУ, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Според него, ВМРО ДПМНЕ не е само против ЕУ тие се и против македонски јазик во ЕУ.

-Исто се случи и со гласањето за законите поврзани со Иницијативата Отворен Балкан кои обезбедуваат поголема мобилност на работната сила и слободен пазар на труд во трите земји од иницијативата.

Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните, не се во салата, не се на своето работно место, не гласаат и не даваат никаков придонес.

Но затоа се први во пленарната сала кога бараат амнестија за осудени криминалци и хулигани, кога треба со вувузели, закани и тропања да се обидат да закочат некое важно законско решение, истакна Талески.

Со 61 глас „за“, Собранието денеска го донесе Законот за ратификација на Договорот со Фронтекс, кој С Македонија и Европската Унија го потпишаа на 26 октомври минатата година. На гласањето во пленарната сала не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии.

Слични содржини