(ВИДЕО)Тажната приказна зад снимката од братот и сестрата од урнатините во Сирија што го расплака светот

од Nikola Popovski
126 прегледи

Во морето трогателни видеа од Турција и Сирија, кои беа разурнати од силни земјотреси, посебно се издвојуваше едно, на кое се гледа како сестра го штити својот брат меѓу бетонот од урнатата куќа, додека не беа спасени 36 часа подоцна.

Брат и сестра останаа заробени во урнатините на нивниот дом во Сирија, откако земјотрес ги погоди додека спиеја.

Новинарите на Гардијан го посетиле селото во кое живее девојчето, а разговарале и со човекот кој ја спасил малата Џихан и нејзиниот брат Абдула.

Омар Рахал слушнал глас што доаѓал од урнатините, толку слаб што се борел да сфати дали можеби е само во неговата глава. Претходната ноќ, два земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени го погодија неговото село Харем во сириската провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците, израмнувајќи десетици згради, вклучувајќи го и станбениот блок во кој живееше неговиот братучед Махмуд со сопругата и нивните седум деца.

Неколку часа подоцна, Рахал, началникот на локалната полиција, ги пребарал урнатините на куќата со надеж дека ќе ги најде живи Махмуд и неговото семејство. Цело утро не слушнал знаци на живот, но во 12:30 часот по локално време слушнал неколку зборови изговорени со мал глас.

– Извади ме одовде – рекло малото девојче под урнатините.

Неколку метри под бетонот лежела петгодишната ќерка на Махмуд, Џинан, заедно со нејзиниот деветмесечен брат Абдула, кого го тешела под урнатините. До нив било погребано телото на нивната мајка Суад. Рахал можела да ја види само нејзината рака, со која мајката се обидела да ги прегрне своите деца за да ги заштити.

Таткото се обидел да ги ослободи, но сфатил дека не може сам. Така ги видел и им го испратил видеото на колегите од полицијата, барајќи од нив да интервенираат.

Видеото брзо почна да се шири, а набрзо станало вирално не само во Сирија, туку и низ светот.

За неколку часа видеото беше прегледано повеќе од пет милиони пати и стана еден од симболите на трагедијата што ја снајде Сирија по земјотресот.

-Мојот пријател веднаш дојде и ми помогна да го извлечам малиот Абдула, кој за среќа се здоби со само неколку гребаници. Сепак, Џихан беше проблем. Над неа имаше голема бетонска плоча, а железна прачка и ја прободе ногата, се потсетува Рахал во својата исповед за Гардијан.

Слични содржини