Заев преку неговата фондација испрати 22 тони храна за Турција

од Nikola Popovski
172 прегледи

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска информираше дека преку Фондацијата „Заев – едно општество за сите“, заедно со компаниите “Мамас” и “Тотал инженеринг”, испратени се 22 тони разновидна конзервирана храна, како хуманитарна помош за турскиот народ, односно за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес.

-Испраќаме јавна благодарност до Турската амбасада во Северна Македонија за одличната соработка при реализацијата на хуманитарната помош. Сочувствуваме со нашите пријатели, особено со семејствата кои изгубија свои ближни и останаа без своите домови. Се молиме за сите кои поминаа низ агонијата, а на повредените во земјотресот им посакуваме побрзо оздравување и враќање во нормалните текови на живеење, порача Заев на социјалните мрежи.

Поранешниот премиер упати порака до јавноста „да останеме луѓе и пријатели, но никогаш, ама баш никогаш и никаде низ светот, да не се случи тоа што се случи на турскиот и сирискиот народ“,

Слични содржини