Пожар во куќа: Почина сопственикот, синовите во болница

од Nikola Popovski
127 прегледи

Вчера во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М.(69) од Куманово.

Од полицијата информираат со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал.

Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош.

Територијалната противпожарна единица Куманово го локализирала пожарот.

Слични содржини