Украинската влада ги повика жителите на Бахмут да го напуштат градот

од Stefanija Kuzmanovska
133 прегледи

Украинската влада денеска ги повика преостанатите жители на Бахмут да го напуштат градот, во кој со месеци се водат жестоки битки.

„Ако сте разумни, граѓани кои го почитуваат законот и сте патриоти, мора веднаш да го напуштите (Бахмут)“, им порача украинската вицепремиерката Ирина Верешчук на останатите неколку илјади луѓе во Бахмут.

Претходно, украинската влада објави дека во Бахмут загинале пет цивили, а девет се повредени.

Бахмут, град во источниот регион Доњецк, пред војната имаше 70.000 жители, а според „Верешчук“ сега во градот се останати околу 6.000 жители.

Слични содржини