213
Две лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на излезот од Битола, на магистралниот пат што води кон Прилеп.
Во сообраќајката, евидентирана во 16.15 часот, учествувале две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици, а животот го загубиле две лица, пренесе МИА.
Сообраќајот на патниот правец Битола – Прилеп во непосредна близина на бензинската станица „Пелагонија“ е во прекин се додека не заврши истрагата за причините за тешката сообраќајна несреќа и возилата се пренасочуваат на околните патишта.