СДСМ: Македонската економија останува атрактивна за големи странски вложувања

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и позитивната инвестициска клима во земјава и во услови на светска енергетска криза, македонската економија останува атрактивна за големи странски вложувања, соопштуваат утрово од владејачката СДСМ.

„Германската компанија „Гересхајмер“, глобален партнер на фармацевтската индустрија, отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2.

Се работи за инвестиција од над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на технолошко-индустриските развојни зони, како и најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата.

Планирано е отворање на над 180 нови работни места, со просечна плата далеку над државниот просек.

Инаку 2022 година е најдобрата година од постоењето на ТИРЗ, во која е остварен највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра. Бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16.400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022.

СДСМ продолжува посветено работи на подобрување на стандардот на граѓаните и економски развој на државата“, порачуваат од Бихаќка.

Слични содржини