Лажни се пријавите за бомби во училишта во Скопје и Прилеп, како и во охридскиот Суд

од Nikola Popovski
149 прегледи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од полицијата.

Ова е веќе шести ден без прекин како пристигнуваат дојави за лажни бомби во различни објекти. Првата пријава пристигна на 26-ти октомври минатата година, кога во земјава пристигна шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Додека траеше зимскиот распуст и учениците одмараа, не пристигна ниту една дојава за бомба во средните и основните училипта.

Слични содржини