161
Откако Кина го објави својот „мировен план“ од 12 точки со кој повикува на примирје, Русија го повтори својот став за тоа како на војната може да се стави крај. Кремљ повтори дека останува отворен за преговори за ставање крај на конфликтот.
Тоа е тврдењето што Владимир Путин го кажа во минатото – уште во април минатата година, рускиот претседател рече дека се надева оти преговорите може да доведат до прекин на огнот во Украина.
„Русија нема да се откаже од своите барања за четирите украински региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.