Демократската унија за интеграција го поздравува новото парламентарно мнозинство на кое синоќа во Собранието беше сведок со изгласувањето на новите министри кои ќе бидат дел од владиниот кабинет.
„Новиот европски фронт порасна и парламентарните партии веќе се убедени дека на земјата не и требаат блокади, туку мора да оди напред за подобар живот на граѓаните и подобра иднина за новите генерации, заедно со парламентарните партии ориентирани кон Европа, граѓанското општество и академскиот свет.
Синоќа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Левица и Апасиев повторно пропаднаа бидејќи нивните тврдења дека ќе ја урнат Владата и дека имаат 61 пратеник паднаа во вода, уште една лага.
Демократската унија за интеграција преку растот и зајакнувањето на парламентарното мнозинство продолжува со реализацијата на изборната програма, реализацијата на реформите, патот на интеграцијата во ЕУ како и мерките и политиките кои се во интерес на државата. и граѓаните“, истакнаа од ДУИ.