Пратеничките од СДСМ излегоа од седницата додека говореше Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
182 прегледи

Пратеничките на СДСМ вчера демонстративно ја напуштија собраниската сала додека говорел пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата информираат дека ова е во знак на протест за вербалните навреди и обидот за физички напад на пратеникот Петрушевски, врз пратеничката Лазаревска, за кои, како што тврдат, никогаш не се извинил.

СДСМ сподели снимка од демонстративното излегување на пратеничките од салата.

Уште минатата недела пратеничките од СДСМ во допис до медиумите посочија дека жените пратенички се секојдневно изложени на политичка некултура, шовинизам и сексизам од страна на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и го обвинија Петрушевски дека ја навредил и се обидел физички да ја нападне нивната колешка Жаклина Лазаревска.

Слични содржини