Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод трагичната железничка несреќа, која изминатата ноќ се случила во близина на градот Лариса, Грција, оствари телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас,
Во разговорот со министерот Дендијас, Османи изрази жалење за високата загуба од над 30 патници, како и големиот број повредени граѓани. Преку Министерот Дендијас, Османи упати и пораки на сочувство до семејствата и роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на повредените.
Османи го информираше својот колега, дека како непосреден сосед, Република Северна Македонија е подготвена да ги стави своите капацитети на располагање и да обезбеди помош во справувањето со последиците на тешката железничка несреќа, онаму каде што Грчките власти ќе сметаат дека е потребно.
Информираме дека нашите контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732.