Се вози брзо, без возачка и на црвено: МВР изрече санкции

од Nikola Popovski
105 прегледи

На територијата на Скопје вчера во сообраќајна контрола од полицијата од СВР Скопје биле казнети 248 возачи, меѓу кои 58 поради возење со брзина поголема од дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречени се 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. 19 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за некористење сигурносен појас, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.