Брнабиќ: Вучиќ успеа да ги зачува српските национални интереси во Брисел

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека претседателот на земјата, Александар Вучиќ успеал да ги зачува српските национални интереси и мирот и стабилноста во Брисел.

Брнабиќ, во својство на комесар на СНС за Белград, при посетата на Општинскиот комитет на таа партија во Сурчин, изјави дека за Србија останува една тешка недела, но дека таа резултирала со три важни работи.

„Првата е дека претседателот не потпиша ништо, второто е дека дополнително го зацврсти ставот дека Заедницата на српските општини е прва на дневен ред и дека мора да се исполни дел од Бриселскиот договор, а третото е нашите црвени линии, односно дека нема признавање на Косово и место во ОН“, изјави Брнабиќ за новинарите.

Слични содржини