Финските медиуми го обвинија министерот за економија Мика Линтила дека во април минатата година се појавил во јавноста под дејство на алкохол, додека извршувал службени задачи.
Линтила говорел на семинар на Асоцијацијата на енергетските компании во Хелсинки на 29 април минатата година, кога, според соговорникот на финскиот весник, изгледал како „малку пијан“, пишува финскиот весник „Иле“.
Друг соговорник се сеќава дека по овој настап се разговарало за состојбата на Линтила.