За СДСМ граѓаните се секогаш на прво место и не дозволи профитерство во време на криза. Мерката за замрзнување на цената на лебот на најмногу 33 денари и обврската за негово доставување даваат резултати, вака порачаа утрово од владеачката партија.
Од СДСМ додаваат дека се разгледуваат можностите и се прават калкулации за замрзнување на цените и на други основни производи.
-Додека СДСМ презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица застанаа зад профитерите и се противеа на замрзнувањето на цената на лебот. СДСМ продолжува со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата, стои во соопштението од „Бихаќка“.
Од саботата 04.03, пекарите започнаа да доставуваат леб по замрзната цена од 33 денари. Претходно тие два дена ја бојкотираа обврската, а најавија и правна постапка против државата, поради како што велат штетите што ги трпат со одлуката на Владата за замрзнување на цената на овој основен прехранбен производ.