173
Битолската полиција влегла во домот на битолчанец кај кого биле пронајдени марихуана и муниција, соопштија од МВР.
Вчера попладне во 16.55 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(40) од Битола.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, рамка за пиштол со осум куршуми непознат калибар, дробилка и други предмети со остатоци од остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од полицијата.