Бајден разговарал со гувернерот на Калифорнија за пропаѓањето на СВБ

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Американскиот претседател, Џозеф Бајден разговарал со гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом за неуспехот на банката во Силиконската долина (СВБ) и напорите да се реши настанатата ситуација, објави Белата куќа.

Во соопштението се вели дека Бајден разговарал со Њусом за вонредната декларација што ја издаде во петокот за да се осигура дека Калифорнија има целосна поддршка од федералната влада во справувањето со последиците од зимската бура, вклучително и поплавите, објави Ројтерс.

На вработените во Силиконската банка, клучен заемодавец со седиште во Калифорнија на технолошки стартапи, им беше понудена работа од 45 дена за една и пол плата од Федералната корпорација за осигурување на депозити, откако регулаторот ја презеде контролата врз пропаднатиот заемодавач.

Слични содржини