Фатен избеган затвореник од затворот во Струмица, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
На 13.03.2023 во 22.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Е.С.(35) од Штип.
Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.