320
Актерката Сeлма Хајек ги воодушеви сите на неодамна одржаните Оскари.
Таа блескаше во фустан со светки, во друштво на ќерката Валентина.
Сепак, она што привлече посебно внимание е објавата на Сeлма по настанот, кога таа пристигнала дома.
Актерката го откопчала фустанот за повеќе да не ја стега и го отворила фрижидерот и почнала да јаде.
„Среќна сум што продолжуваме со гламурот“, напишала актерката покрај видеото.
Меѓу првите кои реагираа на објавата беше нејзиниот колега Антонио Бандерас, кој стави емотикони кои плачат од смеење.