„Дан“: Борел и Пицула планираат македонско сценарио за Црна Гора

од Nikola Popovski
166 прегледи

Четири дена пред претседателските избори во Црна Гора, црногорските медиуми го објавија заклучокот на Европскиот парламент дека ЕУ и Америка би можеле да играат посредничка улога во Црна Гора, како пред неколу години во Македонија, што ќе има за цел намалување на политичките тензии, функционирање на институциите и разрешување на политичката криза. Овој заклучок произлегува од вчера одржаната дискусија во Европскиот парламент, пишува денеска подгоричкиот портал „Дан“.

За време на седницата на Европскиот парламент во Стразбур, известувачот на ЕП за Црна Гора, Тонино Пицула, го прашал Жозеп Борел до кој степен САД се вклучени во решавањето на политичката нестабилност во Црна Гора, борбата против дезинформациите и надворешното влијание и обидите за Црна Гора да се врати назад со реформите.

Се наведува дека Пицула го прашал високиот претставник дали заедничкото посредување меѓу ЕУ и САД, слично на заедничкото посредување на „Пржинскиот договор“ во Македонија, може да биде опција за Црна Гора.

Борeл истакнал дека координацијата со САД се сведува на борба против дезинформациите и дека засега нема заедничко посредување.

„Можеме да го направиме тоа заедно со САД, зошто да не, со нив соработуваме исклучително добро во дијалогот меѓу Косово и Србија, многу ефикасно, а истото беше случај и со Северна Македонија. Тоа можеме да го направиме во случајот со Црна Гора. Моментално се работи на координација која ја вклучува борбата против дезинформациите, но нема заедничко посредување меѓу САД и ЕУ, се уште не постои, но ќе ја искористам приликата да нагласам колку е важна соработката што ја имаме во решавањето на проблеми меѓу Косово и Србија, рекол Борел, пред пратениците на Европскиот парламент.

Слични содржини