Почина матурант по пад од зграда во Центар

од Nikola Popovski
283 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со детали за младо лице кое било пронајдено мртво пред неколку дена.

Според соопштението на полицијата, тинејџерот бил пронајден со повреди настанати од пад од висина.

-На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина, информираат од МВР.

Според информациите, детето било матурант во средното училиште „Георги Димитров“