Само 169 граѓани во земјава се пријавиле за гласање на бугарските избори

од Nikola Popovski
124 прегледи

Во Северна Македонија на 2 април ќе се отворат седум избирачки места за бугарските избори, соопшти „БНР“. Според податоците објавени на веб-страницата на Бугарската централна изборна комисија, пријави за гласање поднеле вкупно 169 Бугари од Северна Македонија, а рокот за тоа истекол на 7 март.

Избирачки места ќе има во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Прилеп, Кавадарци и Тетово.

Единствената промена во однос на парламентарните избори одржани на 2 октомври 2022 година е што сега наместо во Штип, избирачко место ќе се отвори во градот Тетово. По тој повод, амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов, оствари средба со градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Според поднесените пријави, најголем број лица кои се изјасниле дека сакаат да гласаат има во Кавадарци – 42 лица, потоа во Прилеп – 41, во Тетово 40 и во Струмица 22 лица. Во Амбасадата на Бугарија во Скопје за гласање се пријавија 15 бугарски државјани, а во Генералниот конзулат во Битола желба да гласаат изразиле 9 лица.