137
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска изјави дека постигнатиот договор во Охрид ќе биде интегрален дел од европскиот пат на Србија и Косово.
„По долги разговори од 12 часа, успеавме да најдеме договор кој ќе биде интегрален дел од европскиот пат на Косово и Србија“, рече Борел при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува денеска во Брисел.
Тој додаде дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на Унијата со Србија, како и дека ќе биде дел од условите што треба да ги исполни Приштина.