Осуденици копале тунел во затворот „Идризово“

од Nikola Popovski
211 прегледи

Затвореници копале тунел за да побегнат од најголемиот затвор во државата „Идризово“, информираат од Управата за извршување санкции.

Тунелот утрово бил откриен од затворските власти. Неофицијално, сето ова било правено со месеци, од страна на повеќе затвореници, распоредени во смени.

Претставници на повеќе надлижни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, па затоа во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации.

Слични содржини