Ердоган и Путин разговараа телефонски, објавено кои теми ги опфатиле претседателите

од Stefanija Kuzmanovska
151 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше со својот руски колега Владимир Путин.

Како што пренесува „Анадолија“, за време на разговорот Ердоган му се заблагодарил на Путин за неговиот позитивен став во однос на продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито.

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател се посочува дека двајцата лидери разговарале и за чекорите за подобрување на односите меѓу Турција и Русија и за случувањата во врска со руско-украинската војна.

Притоа, Ердоган посочил дека Турција се залага за што побрзо враќање на мирот преку преговори.

Слични содржини