116
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре и задутре, вторник и среда, (28/29.03.2023), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, д-р Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници во насока на безбедно и непречно одвивање на сообраќајот.