Од 113 милијарди долари финансиска помош наменета за Украина, Вашингтон директно му врачува на Киев само околу 20 милијарди долари, изјави денеска шефот на комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Мајкл Мекол.
„Од 113 милијарди доделени за Украина, приближно 60 одат за американските војници, американските работници и модернизацијата на американските резерви. Всушност, само 20 милијарди долари средства одат директно на украинската влада во форма на директна буџетска помош“, рече Мекол, пренесе ТАСС.
Тој посочи дека кога републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом по среднорочните избори во ноември минатата година, јасно ставија до знаење „дека одговорноста ќе биде од клучна важност за продолжување на помошта за Украина“.