Аврамовска-Мадиќ: Што изгуби Хрватска со внесот на Македонците во Уставот?

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Приоритет за ЕУ се реформите, но патот кон ЕУ ќе се отвори само со уставните измени, рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето во Телма телевизија. Таа рече дека веќе нема простор за калкулации и веднаш треба да се формира работната група за уставните амандмани.

-Ние сме во консултации со министерот, премиерот, претседателот и веќе разговараме со експерти. Тоа се еминентни професори по уставно право, но и експерти кои веќе учествувале во работни групи за промена на Устав. Единствен фокус и цел е Преамбулата и внесувањето на Бугарите и останатите во Уставот, рече Аврамовска Мадиќ.

Таа додаде дека приоритет на оваа Влада и работната група е внесот на заедниците во Уставот, а за сите други теми е потребна јавна дебата.

-Воедно, граѓаните морат да бидат дел одо овој процес. Никаква штета нема да се направи со внесувањето. Мора да напоменам дека кога пристапуваме кон уставни измени правиме компаративни анализи. Еве го Уставот на Хрватска и во него се и Македонците. Дали Хрватска има штета што ги внела Македонците во Уставот?, праша заменик министерката.

Слични содржини