Турскиот парламент го одобри влезот на Финска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
86 прегледи

Турскиот парламент ја одобри кандидатурата на Финска за членство во НАТО, отворајќи го патот на Хелсинки да се приклучи на западната алијанса во време кога беснее војната во Украина.

Турскиот парламент е последниот од парламентите на 30-те членки на НАТО кој го одобри членството на Финска во Алијансата, наведува „Ројтерс“.

На почетокот на оваа недела, унгарскиот парламент го одобри влезот на Хелсинки во алијансата по неколкумесечни одложувања.

Слични содржини