Османи: Честитки за Финска и за сите НАТО сојузници

од Nikola Popovski
103 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска го поздрави гласањето во турскиот парламент, со што Финска станува нова 31 земја-членка на НАТО.

-Со вчерашната Ратификација на Протоколот за членство на Финска во Алијансата од страна на Парламентот на Турција се заокружи целиот процес на Ратификација со што Финска станува 31. земја – членка на НАТО. Во денешната сложена безбедносна архитектура на Континентот ова претставува еден од најзначајните чекори за единството на сојузниците, и за зајакнување на трансатлантската стабилност, објави Османи.

Министерот очекува наскоро и апликацијата на Шведска да го заокружи овој процес, со што како вели, целосно ќе се заокружи источното крило на Алијансата по целата оска север – југ.

-Република Северна Македонија останува силен поддржувачи на политиката на Отворени врати на НАТО како една од најуспешните политики на Алијансата и значаен влог во создавањето на новата безбедносна архитектура на Европа, додаде Османи.

Слични содржини