Кина не може да биде посредник во мировните преговори во војната во Украина, но може да го олесни постигнувањето договор со Русија, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
„Кина не прави разлика меѓу агресорот и жртвата на агресија“, додаде Борел на панел одржан во шпанската престолнина Мадрид, пренесе „Ројтерс“.