Активисти бараат закон за „трансродови“ лица

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Неколку активисти преку протестен марш од Владата до Собранието денеска побараа соодветно, правно и социјално интегрирање на „трансродовите“ лица.

– Законот за правно признавање на родот да биде ставен во собраниска процедура за пратениците да го изгласаат тоа што го ветиле пред да бидат избрани и онака како Европскиот суд за човекови права и наложи на оваа Влада како обврска, изјави за медиумите еден од учесниците на маршот.

Маршот беше организиран од страна на граѓанската иницијатива „Трансформа“ како одбележување на 31 март „Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица“.

Празникот е основан од страна на активистот Рејчел Крндалд од Мичиген во 2009 година и оттогаш се одбележува на овој ден како Меѓународен ден на овие лица.

Слични содржини