Орбан со поддршка за Трамп: „Продолжете да се борите, господине претседателе“

од Stefanija Kuzmanovska
129 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го поддржа поранешниот американски претседател Доналд Трамп, порачувајќи му „да продолжи со борбата“, бидејќи се соочува со обвиненија за тајни исплати на пари за време на изборната кампања во 2016 година.

„Продолжете да се борите, господине претседателе. Ние сме со вас“, навел Орбан на Твитер, пренесува АП.

Според АП, Орбан е првиот лидер на европска земја кој јавно ја поддржа претседателската кампања на Трамп во 2016 година, а исто така изрази поддршка за неговата кампања за реизбор во 2020 година.

Слични содржини