Снегот ја парализираше Србија: Превртени камиони, дрво падна врз дете во Белград (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Снегот кој почна да паѓа во текот на ноќта и ја изненади Србија направи хаос кај возачите во сообраќајот. Силен ветер носи снежни наноси, а маглата ја намалува видливоста, известува Авто мото сојузот на Србија.

Бројни камиони се заглавени во снегот, се формираа големи редици. На страницата на Инстаграм на 192_rs објавена е снимка на која се гледа гужвата.

Како што објави „Курир“, утрово дрво паднало врз девојче (13) во Миљаковац, потврдија од Итната помош. Тежината на повредата не е позната.

Снег паѓа на подрачјето на Белград, Ужице, Ваљево, Нова Варош, Ивањица, Сјеница и Нови Пазар, а сообраќајот е особено отежнат на патиштата преку Дебели Брдо, Тара, Златибор, Голија, Пештер, Копаоник, Дивчибар и Гоч, се вели во соопштението на Авто мото федерацијата на Србија.

Како што може да се види од снимката, два камиона се превртеле на автопатот кај Добановачката петљие, во правец кон Нови Сад.

Слични содржини