Со црн спреј покриено името на клубот „Иван Михајлов“ во Битола

од Nikola Popovski
192 прегледи

Вчера со спреј со црна боја бил премачкан натписот „Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“ на истоимениот бугарски клуб во Битола. Ова следува откако објектот беше избришан како здружение од Централниот регистар во земјава.

Во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека е запрена прекршочната постапка против претседателот на клубот Љупчо Георгиевски бидејќи е покрената кривична постака за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Истата одлука за бришење се случи и со клубот во Охрид, „Цар Борис Трети“ по одлуката на Министерството за правда и добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на историски личности. Тргната е и таблата од местото каде што беше сместен во Охрид.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ги промената имињата, но не го направија тоа.

Ова е резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласана едногласно во Собранието, со која ретроактивно се забрани создавање на организации кои со своето име, програма, цели и активности поттикнуваат и повикуваат на агресија, поттикнување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, истребување, ширење и помагање, поттикнување и одобрување на фашизмот, нацизмот, националсоцијализмот и Третиот рајх врз граѓаните на земјава.

Слични содржини